Опис на програмата
Вклучува 2 литра смуди и 2 литра ладно цеден сок
Дополнителни информации за сите програми
За сите програми препорачувам конзумирање на чиста вода од минимум 4 литри на ден кај возрасни (тука земам во предвид дека имаме бубрежна функција над 70%-GFR >70) . Вода се пие 15 минути пред било кој друг цврст оброк (тоа вклучува и смуди) и не се конзумира барем 1 час по оброк (или 1,5 часа после готвен оброк) за да не се разредат желудочните киселини. Препорачлива е дестилирана вода или вода која е добиена по пат на ревирсибилна осмоза.
Телото има 3 периоди во денот кои треба да се почитуваат:
- од 12 до 20 часот е период на конзумирање
- од 20 до 4 часот е период на апсорбирање
- од 4 до 12 часот период на елиминирање (кога е најпотребна водата)
Цените за пакетите се со вклучена достава во Скопје од понеделник до петок. Неделните и месечните мениа имаат достава 3 пати седмично, најчесто понеделник, среда и петок, за два дена однапред подготвени оброци (неделата оставаме да биде семеен ден 😊).
*амбалажата може да ни ја враќате со наредната достава
*достава во радиус од 10км од цантарот на Скопје (можеме по карго или такси во останатите градови)
Со среќа и љубов за трајно здравје,
Милена