ПАТОТ ДО ТРАЈНО ЗДРАВЈЕ

ПАТОТ ДО ТРАЈНО ЗДРАВЈЕ

Знаете како се вели дека има многу патишта што покажуваат кон истата цел? Тоа е затоа што секој еден од нас е личност на индивидуално ниво на трчање на патот на животот, па така и исхраната. Различен ни е вкусот во уста колку што ни е различно пецкањето на кожата при сончање. За да уживате во секојдневието, сепак треба да одбереме гориво за нашата машина кое ќе ни даде енергија, нема да не оптерети, што помалку да не вознемири и ќе биде возбуда на убавите внатрешни чувства. Тоа е возможно САМО СО ПРИРОДНАТА РАСТИТЕЛНА ИСХРАНА.

Прашајте паталец е другата мудрост која многу е практична а мене ми била водилка низ светот на достигнување здраво тело да никогаш ништо не ме боли хронично и да сум самоуверена дека стравот од болести е нереален, медиумски и зависен исклучително од личниот избор на тоа што влегува во устата. Јас верувам дека телото е нежна алатка за уживање на душата во овој земен живот и треба да се грижиме да ни потрае преку 100 години.

А бидејќи сме социјални битија и прилагодливи на околината, храната не поврзува на емотивно ниво кое има директни физички последици. Затоа мили луѓе, внимателно управувајте со трансформацијата до највисокото ниво на здравјето преку транзицирање во 5 чекори.

Јас сум нетрпелива и ќе почнам да ви раскажувам од ниво 5, или крајната цел во исхраната треба да ни биде според упростената идеа на Др. Даглас Грахам (или 80-10-10) , поддржан со науката за природна хигиена. Тоа значи 80% јаглени хидрати или овошје, помалку од 10% масти, и помалку од 10% протеини. Секако дека треба месеци, а кај поголемиот дел од нас и години, за да достигнме чистина на дигестивниот тракт кој ќе може да ги поднесе детокс симптомите на вадење на токсини од длабокото ткиво на телото. Значи, со години и декади во нашите тела се таложат материи кои не припаѓаат во нашата уста, од цревата нашите бубрези и јетрата (лабораториите на телото) складираат како знаат и умеат во целулит, во тумори, цисти, фибриди, ги обвиткуваат со слуз и секакви течности (па имаме задршка на течности), ни алармира со болки, гасови, одори и кога ќе одлучиме дека е доста, би требало на истиот начин како што сме ги внеле отровите, и да ги извадиме- преку дигестивниот тракт; дигестивниот тракт е еднонасочна улица, тунел, и низ уста надвор не е посакувана метода на исфрлање на отрови, иако некогаше неопходно за празнење на оптеретениот желудник. Значи патот на исфрлање на отрови е низ дебелото црево и мокрачата.  

Во исхраната, за почеток е доволно да ги разграничиме начелата на Др. Арнолд Ерет и неговата безслузна исхрана (Arnold Ehret- Mucusless Diet), те да се тргне со чекор 1 или 100% растителна исхрана. Зошто? Затоа што се што не е од природно растително потекло предизвикува имунолошка реакција, видлива или внатрешна која медицински се нарекува слуз или шлаем, а во страшните инстанци и гној. Гној или воспаление во телото предизвикуваат сите намирници од животинско потекло:

-Месо, млечни производи, јајца и сите нивни деривати не само што вибриираат на најниската фреквенција туку се и штетни по количината на мокрачна киселина што се создава во крвта, како одговор на имунитетот за затруеноста во дигестивниот тракт = цревата ги пропуштаат отровите во крвта и јетрата, бубрезите и плучата не постигнуваат да ја исчистат хемиската реакција која како производ ни дава фосфор (што го исцрпува калциумот во организмот), прави калцификати (погрешно се асоцираат со калциумот) пред се во надбубрежните (адренални) жлезди.

Библиски аспекти : на човекот му се дадени билките за храна, пред се овошјето или се што расте на гранка.

Кај релативно здравите луѓе не се препорачува прескокнување на скалилата, а во случаите на тешки заболувања се преоѓа директно на чекор 4, (ниво на СОКОТЕРАПИЈА или пост на вода) за интервентно да се поврати телото од хроничните болки, аномалии и да му се овозможи саморегулирање .

Заклучок: првиот чекор кон ТРАЈНО ЗДРАВЈЕ е исфрлање на целокупната таканаречена храна од животинско потекло, како и целата индустриска храна, па макар и растителна.

  1. Растителна Природна Исхрана- тн Веганска (50% готвена, 50% жива храна)

Иако спаѓаат во вегански, следните НЕприродни намирници мора инстант да се отфрлат:

  • Алкохолот и Цигарите
  • Кафето и сите деривати на „замена“ за кафе или енергетски пијалоци како што е црниот чај. Кофеинот е молекул на кокаинот, од таму и името Кока Кола!
  • Сите останати хемиски прашкови растворени во вода (што пред се содржат аспартам или некој друг отровен засладувач), на база на брашно или шеќер како боза, салеп, се што е газирано вклучувајќи и минерална вода со додадени гасови, и сл.
  • Чипс и целиот спектар на „храна“ што содржи прегорени масти (палмино, сончогледово, путер од кикирики) како ајвар, пуканки, галети, смоки, крекери и сл.
  • Се што содржи рафиниран шеќер (црн, кафеав, бел, жолт), или маџун, мед, малтекс и сл.

Листата на отровно веганство продолжува:

  • Рафинирани житарки и нивни деривати како што се леб, тестенини и секој производ што содржи пченица (интегрална или не), ‘рж, овес и тн.
  • Ориз (интегрален или не) пред се бел. Исклучок се сортите на ориз кои им треба долговремено киснење за да изртат, тоа се подразбира интегрален или цело зрно.
  • Компир бел. И тука има исклучителни сорти, кои во транзиционирањето кон 100% жива храна на пареа или варени (секогаш со љушпа) се одличен дел од неделното мени.