Лимфен систем

Лимфен систем
Канализацијата и Одводот на телото
Притисокот во течностите е главна тема кога станува збор за лимфниот систем. Тоа е нешто што го учиме по предметот физика а понатаму го поврзуваат и по предметот хемија, уште во основното образование. Притисокот е директно зависен од самата густина на било која течност, па така и на лимфата, и на крвта. Лимфниот систем се објаснува како отворен систем на размена на материи кој е воедно и слободен одвод на отпадите од метаболичките процеси на клетките, додека крвниот (циркулаторен) систем е затворен систем за размена на материи. Циркулацијата во крвта е меѓу 100-500 пати поголема отколку во лимфата, но затоа пак имаме до 2,5 пати повеќе лимфа отколку крв, и густината на лимфата е значитело помала од таа на крвта- да не речам лимфата е вода во споредба со крвта, а крвта вода не бидува , вика народната поговорка 😊.
Бидејеќи е отворен преносен систем, лимфниот систем овозможува пренос и на хранливите материи што ги носи артериската крв преку процесите на обратна осмоза или хидростатски притисок до лимфата, потоа преку осмотски притисок од лимфата до клетката (или ќелијата). Лимфата нема пумпа или вентил како крвта (срцето), и затоа се потпира на движењето на телото (физичка активност), на контракцијата на мускулите за да ја туркаат.

Отпадот од сите клетки во телото при придвижување се пренесува од клетката во лимфата преку процесот на реверсибилна или обратна осмоза. Дел од отпадот може да се пренесе од лимфата во венската крв повторно по пат на осмоза (осмоза значи размена на материи врз основа на нивните електростатски својсва) [1] .
Остатокот од отпадот останува во лимфниот систем. Овде треба да се обрне внимание на бројните фактори за да се случи таа размена, параметрите кои влијаат на функционирањето и процесите во телото како што се:
- Релативниот притисок помеѓу артеријата и лимфата поради систолниот притисок во артеријата.
- Релативната густина на артериската крв и лимфната течност.
- Релативната густина и притисокот на лимфата и течноста во клетката пред апсорпцијата на хранливите материи и по метаболизмот на хранливите материи.
- Релативната густина на лимфната течност по примањето на метаболичкиот отпад и венската крв.
- Релативниот притисок помеѓу лимфната и венската крв поради дијастолниот притисок.
Сите погоре наведени фактори комуницираат, меѓусебно зависни, за да помогнат во одржувањето на хомеостазата во телото. Доколку некој од нив биде компромитиран (загрозен), тогаш тоа влијае на целиот систем и неговото ефикасно функционирање; почнувајќи со протокот на хранливи материи во лимфниот систем од артериската крв и со тоа хранењето на ткивото.
Артериската крв е релативно погуста од лимфната течност. Ова значи дека протокот зависи од обратната (реверсибилна) осмоза, односно притисокот во погустата течност, крвта, е повисок од притисокот во помалку густата течност, лимфата; каде што во лимфата, хранливите материи се пренесуваат во клеточните течности со поголема густина преку тој осмотски притисок.
По метаболизирањето на хранливите материи, произведениот токсичен отпад се пренесува во помалку густата лимфа со обратната осмоза или уште се објаснува со хидростатичкиот притисок. Во тежок токсичен отпад не спаѓаат само отровите кои се очигледни и внесени преку устата, туку и таквите работи кои доаѓаат од инјекции, отров од каснувања и убоди од инсекти, влекачи, па и змии, и од убодни рани кои може да не крварат.

Лимфоцитите го сочинуваат 40% од имунитетот, а главните органи за производство се слезината и лимфните чворови. Тимусот, исто дел од лимфниот систем, ги произведува т-клетките (t-cells). [2] Отровите ја зголемуваат густината на лимфата и тука лежат 95% од потенцијалните здравствени проблеми.
Ако лимфниот систем е загрозен, токсините и отпадот се насобрале, лимфата не се чисти, тогаш и густината на лимфата е поголема од густината на венската крв. Преносот на токсичниот отпад од лимфата во вената што вообичаено би бил преку осмотскиот притисок, од помалку густа до повеќе густа течност, често е загрозен и со тоа лимфниот притисок мора (и треба) да биде зголемен над венскиот притисок. Метод на телото да избегне сепса.
Доколку дијастолниот притисок е повисок од нормалниот, тогаш притисокот во лимфата треба да биде повисок за да се компензираат меѓусебно, и од тука произлегува логичниот заклучок, а воедно и дилемата како се зголемува лимфниот притисок за да може токсичноста да не се пренесе во вената !?
Има неколку взаемни начини кои може да се применат истовремено за да се зголеми лимфниот притисок: со движење, со зголемен внес на течности и со зголемена температура.
- Со движење на зглобовите во телото и преку мускулна контракција, не само што ја придвижуваме лимфата кон лимфните јазли, туку обезбедуваме и локализиран притисок во лимфата што ќе овозможи да се појави обратна осмоза и да ја принуди токсичноста надвор од вената.
- Вториот и пропратен начин е зголемување на внесот на течности пред се вода, во телото, и/или
- Зголемување на телесната температура преку сауна, летно време или принудно преку хипоталамусот.
Доколку не практикуваме ниедна од горенаведените методи и уште го саботираме хипоталамусот со супресиви (антипиретици), многу брзо ќе се нарушат релативните густини и притисоци , и тогаш токсичноста во лимфата е принудена да се движи кон и се акумулира во лимфните јазли. Со текот на времето се повеќе се намалува густината на лимфата и се создава проток на токсичност во клетките и во самите ткива на органите и од тој момент натаму, едноставно се одвива процес на натрупување на отпадни материи.
Повеќето од лимфните јазли се наоѓаат во близина на зглобовите, што значи дека токсичноста која привремено се складира во јазолот може да се премести во лимфниот проток (за да се одржи соодветна густина и размена), но може и токсичноста да е туркана во венската крв.
Ако виталноста на поединецот е загрозена, тогаш заклучокот е дека акумулацијата во лимфните јазли не се расчистува, натрупани се отрови и често јазлите (и зглобовите) стануваат болни и воспалени. [3]
Врската со циркулаторниот систем има влијание врз тоа колку лесно токсичноста се движи од лимфата во вените.
Кога дијастолниот или понискиот крвен притисок е во опсег од околу 80 mm, тогаш, како што се поместуваат зглобовите и мускулите, обратната осмоза се јавува со релативна леснотија и зачестеност. Ова се должи на разликата во притисокот помеѓу лимфата и венската крв неопходна за обратна насока. Појавата на осмоза е релативно константна, механичка и саморегулирачка.
Воколку се доживее висок крвен притисок, таму каде што се и систолниот и дијастолниот притисок значително повисоки од нормалниот, тогаш притисокот во лимфата треба да биде значително поголем, и ако е обратно, треба да се појави осмоза. Значи, ако ви е покачен крвниот притисок треба да створиме циркулација во лимфата (со движење, масажа, препотување, покачена температура- сауна, итн) за да што побргу се тргнат отровите. Но често се влегува во зачараниот круг, каде високиот крвен притисок е поврзан со проблеми со подвижноста, па оттука и можноста за движење на зглобовите преку вежбање од секаков вид често е загрозена или невозможна.

Луѓето во градовите се често заседнати или дури и залегнати, поготово во болничките услови, и како едниствено решени им е понудено дотур на токсини. Ова потоа води не само до бавно движење на лимфата, туку и лимфните јазли да станат складови на отрови и долгорочно како садови со токсичност кои само периодично се празнат стануваат нешто што јас сакам да го наречам мочуриште или бара. Сè што е собрано во лимфните јазли се разложува од бактерии до моментот кога густината на лимфата ќе им овозможи на јазлите да се исфрлат во лимфните садови. Откако отровот ќе се најде во садовите, тогаш лимфата се транспортира додека не стигне или до десниот или левиот лимфен канал. Овие се одливаат во субклавијалните вени.
Главниот исход и излез на отровите, е дека лимфата фрла во крвта преработени отпади, како што имаме домашни канти за ѓубре, а крвта понатаму е како комунално претпријатие кое го чистат бубрезите, кои исфрлаат во депонијата наречена мокрача, и јетрата, која исфрла преку столицата, те. депонијата која се наоѓа во цревата, и надвор од телото.
[1] Осмоза е вид на дифузија кој се одвива низ мембрана . Тоа е процес на пренесување на честички (како молекули на вода и некои јони ) од средина со помала кон средина со поголема концентрација . Целта на осмозата е изедначување на осмотскиот притисок , односно доведување до изотонична (иста по концентрација на честички) состојба на двете средини. Најчесто се среќаваме со осмоза низ клеточната мембрана .
[2] А коскената срж б-клетките (bone merrow cells)
[3] Но не само јазлите, туку и сите органи во близина на отруениот дела од лимфата, а тоа е преку 90% од човечкото тело.
